Глазгов Ренџерс покажа кој е кој во Шкотска – триумф над Селтик и покрај корона-кризата

Глазгов Ренџерс ја продолжува доминацијата во дерби-дуелите со Селтик од минатата сезона, откако „сино-белите“ славеа на првото овосезонско дерби со 1-0.

Триумфот е уште поголем ако се земе во предвид дека ренџерс се соочи со сериозна криза со коронавирус, поради која во тимот не беше капитенот Таверние, го немаше ниту првиот голман на екипата, а на клупата не се наоѓаше Стивен Џерард. Сепак, оние кои настапија предводени од Гери Мекалистер одиграа одличен меч и заслужено триумфираа со голот на дефанзивецот Хеландер кон средината на второто полувреме.

Селтик дури по примениот гол ја отвори својата игра, создаде две одлични шанси преку Фурухаши, кој не успеа да ја затресе мрежата на актуелниот првак.

Се вчитува...