Глазгов Ренџерс тргнува по Бојан Миовски, интерес и од Валенсија

Екипата на Глазгов Ренџерс планира да го ангажира македонскиот напаѓач Бојан Миовски, откако стана јасно дека за него нема место во Џирона, пишува шкотскиот „Дејли Мејл“.

Македонскиот репрезентативец играше со голем успех во Шкотска за Абердин, пред да се пресели во Ла Лига за 6,8 милиони фунти. Но, во последно време Миовски е во немилост на тренерот Мичел, кој го изостави од составот за последниот меч со Виљареал.

„Дејли Мејл“ пренесува дека во последниот период Миовски е на „радарот“ на овој тим и на тренерот Расел Мартин кој го сака во своите редови, со оглед дека сегашните напаѓачи на тимот имаа слаб старт во новата сезона, и постигнаа само два гола во првите два меча кои завршија нерешено.

Миовски потпиша четиригодишен договор со шпанскиот тим во август минатата година, откако постигна 44 гола на 91 натпревар за Абердин.

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека и Валенсија се интересира, кој го сака како позајмен на една сезона, со можност за откуп по завршување на овој шампионат.

Се вчитува...