Глазгов Ренџерс во еден ден потпиша со двајца напаѓачи

Глазгов Ренџерс најавува сериозен атак на титулата во шкотската Премиер-лига, па раководството на овој клуб денеска во рок од само неколку часа официјализираше трансфери на двајца голгетери. Првиот е Седрик Итен, 23-годишниот напаѓач на Сент Гален кој доаѓа на барање на менаџерот Стивен Џерард. Итен досега има 19 погодоци на 34 средби во швајцарското првенство, а има настапено и на две средби за репрезентацијата на Швајцарија, притоа постигнувајќи три погодоци.

Покрај него, нов член на Глазгов Ренџерс од денеска е и Кемар Руф. Станува збор за 27-годишен голгетер кој пред две сезони настапуваше со голем успех во дресот на Лидс заедно со Џани Алиоски. Минатото лето тој беше продаден во Андерлехт, но не се снајде најдобро во белгискиот шампионат, по што самиот инсистираше да му биде дозволено враќање на „островот“.

Ангажманот на овие двајца напаѓачи значи и најава за заминување на најдобриот стрелец Морелос, за кого се интересираат неколку англиски премиерлигаши. Џерард како резервна опција во тимот го има и поранешниот соиграч од англиската репрезентација, ветеранот Џермејн Дефо.

Се вчитува...