Шкотскиот тим Глазгов Ренџерс е првиот осминафиналист во Лигата на Европа. Составот на Стивен Џерард славеше и на реваншот во Португалија (0-1) како дополнение на победата во Глазгов (3-2) и се пласира во следната рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување.
Стрелец на победничкиот погодок за Глазгов Ренџерс беше Рајан Кент во 61.минута. Тој излезе сам пред противничкиот голман по еден брз противнапад и успеа да погоди во спротивниот долен агол. Во последните мигови од првиот дел, Глазгов Ренџерс не реализира и пенал. Голманот на Брага, Матеус, го одбрани ударот на Јанис Хаџи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА