„Гледаат и разбираат ракомет само во јануари, па навредуваат и плукаат се што ќе стигнат“

Еден од најдобрите хрватски ракометари во историјата, поранешен член на Вардар, Иван Чупиќ не можеше повеќе да се „контролира“ кога е во прашање хрватската јавност и односот кон спортистите.

Чупиќ жестоко одговори на сите навреди од страна на поголемиот дел од хрватската јавност која, пак, испрате тешки навреди кон хрватските ракометари по поразот од Египет на стартот од СП 2023 во Полска и во Шведска.

Египет убедливо со 31-22 ја победи Хрватска. Домашната јавност не бираше зборови за навреда за ракометарите, а на сето тоа им одговори Чупиќ.

„За жал, има многу луѓе кои гледаат и разбираат ракомет само во јануари. И после јануари забораваат на ракомет во следните 11 месеци, па сега си земаат за право да плукаат и навредуваат се што ќе им се најде на видик. Некои сакаат да заработат некоја пара во обложувачница па емотивно се обложуваат на Хрватска. Ако тоа не се случи потоа следат неконтролирани навреди и омаловажувања“ – пишува Чупиќ во својата колумна, и меѓудругото дополнува:

„Тие истите исто така ја газеа и фудбалската репрезентација после првиот меч во Катар кога одигравме реми 0-0 со Мароко. А, истиот тој Мароко после играше против Хрватска за бронза. И тогаш на многумина не им беа добри Лука, Матео, Броз… А, три недели потоа им беа – национални херои! Јас искрено не можам да ги разберам тие луѓе што седат постојано по социјалните мрежи и плукаат. Какви се тоа фрустрации!?“

Се вчитува...