Македонската карате репрезентација стигна до уште еден сребрен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и младинци до 21 година кое се одржува во Алборг, Данска.
По вчерашното сребро на Бојан Костов во кадетска конкуренција, европски вицешампион но во јуниорска конкуренција стана и Глигор Петков.
Во категоријата до 76 килограми, Петков во финалето загуби од Ирецот Крин МекКарти. Претходно до финалната борба извојува четири победи, против Јоханес Корпела (Финска) 1-0, Пав Хаструп (Данска) 3-0, Томас Коса (Словачка) 1-0 и Сергеј Калинин (Русија) 4-1.
Од останатите македонски каратисти кои настапија денеска, Абдурахим Идризи, Мевлуд Мемеди и ката-тимот во женска конкуренција стигнаа до 7. место во Европа.
Утре настапуваат јуниорите до 21 година, уште една конкуренција во која повторно се очекува медал. На Европското првенство во Данска учествуваат 1092 каратист(к)и од 51 држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА