Глигоријевиќ потпиша за Еуро Никел

Еуро Никел успеа да се спаси од колапс и ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига, а кавадарчани сега погледите ги насочија кон формирање на конкурентен ростер.

Најавите за подмладување паднаа во вода откако беше договорено продолжување на соработката со искусните Караколев и Соколов, а под договор од ланската сезона е и плејмејкерот Младеновиќ.

Во меѓувреме, како ново засилување беше осигуран и потписот на Стефан Глигоријевиќ, кој пристигнува од редовите на КК Куманово по испаѓањето на овој клуб од елитното друштво. Крилниот кошаркар добро се снаоѓа и во борбата под обрачите, каде дефинитивно ќе му биде од помош на тренерот Атанас Манев, младиот стратег кој ќе дебитира во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...