Македонскиот првак Вардар утре (19 часот) ќе го има второто искушение во групната фаза од Лигата на Европа. Вардарци гостуваат во Трондхајм и ќе ги одмерат силите со Розенборг. Заменик капитенот Никола Глигоров на официјалната прес – конференција во пресрет на мечот изјави дека норвешкиот тим е потполно скениран, а Вардар ќе игра со желба да стигне до првите бодови.
„Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализран од наша страна. Во своите редови добри играчи, поединци, пред се тука најпознат е Бендтнер кој што има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лигата на Европа, доволно кажува за нашиот противник. Меѓутоа ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло, и се надевам дека гледачите кои ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг, ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима кои што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм“, изјави Глигоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА