Вардар сезонава атакува на двојна круна. По триумфот над Шкендија во првенството (3-1), трет во овој шампионатот над лутиот ривал, денеска скопските „црвено-црни“ ќе ја пречекаат Шкендија и во првиот полуфинален меч од Купот на Македонија. Вардар долги години е без куп – трофејот, па тоа е уште еден мотив повеќе да се одигра на посакуваното ниво уште еден меч против тетовскиот тим.
„Сакаме да го освоиме и Купот, Вардар долги години го нема во своите витрини. Нема еуфорија, влегуваме и во овој меч со Шкендија свесни за своите квалитети, но и го респектираме максимално противникот. Нема да биде лесно, но веруваме во своите квалитети и очекуваме позитивен резултат“, вели Никола Глигоров во пресрет на денешниот нов дуел со Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА