Екипата на Гостивар во првата сезона откако се врати во елитната конкуренција, имаше големи амбиции. Направи одлична екипа, меѓута надежите за излез во Европа згаснаа многу рано, некаде кон полусезоната. Така сега екипата почнува со градењето на тимот кој што ќе го избори историскиот пласман на меѓународна сцена, па можеби ако се пружи шанса да се дојде и до титула.
Затоа Гостивар работи на комплетирање на играчкиот кадар за следната сезона. Согласно информациите до кои дојде ЕКИПА, левиот бек Дарко Глишиќ и стоперот Костадин Чешмеџиев би требало да бидат првите летни аквизиции во оваа екипа. Глишиќ досега настапуваше во екипата на Вардар, со која успеа да избори опстанок. Чемшеџиев, пак, во минатото играше за неколку клубови од Македонија, а во моментов настапува во Хаџер, во Саудиска Арабија.
Се споменува и ангажман на голманот Ведран Ќосевски, кој ја напушти Струга ТЛ откако не можеше да се договори за нов договор. Преговорите се во тек, а исходот ќе се знае во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА