На свеченост во хотелот „Кала ди Волпе“ на Сардинија, беа доделени наградите „Глоуб Сокер“ за најдобар фудбалер и тренер за изминатата сезона. За најдобар играч е прогласен Килијан Мбапе од ПСЖ, со кој ја освои двојната круна во Франција, но беше сопрен во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Останатите номинирани играчи беа: Џуд Белингам (Реал Мадрид), Фил Фоуден (Манчестер Сити), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Серху Гираси (Штутгарт), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн Минхен), Лаутаро Мартинез (Интер), Родри (Манчестер Сити), Мохамед Салах (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер Сити) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).
Наградата за најдобар тренер му припадна на Чаби Алонсо. Предводникот на Баер Леверкузен му ја донесе првата титула на клубот во историјата.
Алонсо успеа да ја победи конкуренцијата предводена од Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), потоа Микел Артета (Арсенал), Рубен Аморим (Спортинг Лисабон), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Симоне Инзаги (Интер), Мичел (Џирона), Тијаго Мота (Болоња) и Чави Хернандез (Барселона).
За најдобар тим е избран Манчестер Сити, додека Ламин Јамал е поргласен за најдобар млад играч во Европа. Најдобар женски тим е Барселона, а на церемонијата награди добија и Хари Кејн, Џанлуиџи Буфон, Џанлука Песото, Насер Ал-Келаифи, Карл-Хајнц Румениге, Лучијано Спалети, Микел Артета и Луиџи Рива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

