Шарл Леклер е втората жртва на градската патека во Баку. Тој се удри буквално во истиот свиок како и претходно Кубица во текот на квалификациите за утрешното Формула 1 натпреварување за Големата награда на Азербејџан.
Ударот на Кубица предизвика подолга пауза, а исто така и ударот на Леклер. Квалификациската рунда и натаму е во прекин. Во моментот на инцидентот во тек беше втората сесија.
„Глупав сум, глупав сум“ – повторуваше Леклер на тимското радио веднаш по ударот.
Charles Leclerc locks up and crashes into the wall at the castle section at Azerbaijan GP qualifying
Credit: F1#F1 #Charles16 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/tjXIxM1Ucc
— Eau rouge (@Insidef1) April 27, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА