Глупост на Бонучи, симултанка на Торес – Шпанија со предност на полувреме против Италија (ВИДЕО)

Шпанија има водство од 0-2 против Италија на „Сан сиро“ во првото полуфинале од Лигата на нации. Феран Торес игра „симултанка“ против Италијанците откако на два пати успеа да го матира Џанлуиџи Џиџо Донарума. И на двата гола асистент на головите беше Ојарзабал.

За издвојување од првото полувреме е и големата глупост која ја направи Леонардо Бонучи добивајќи за кратко време два жолти картони поради кој ги остави соиграчите на цедило.

 

Се вчитува...