Монца и Јувентус играат без голови по првото полувреме во 7. коло од Серија А.
Но, мечот некако навестува дека ќе се продолжи агонијата на Старата дама која е во сериозна резултатска криза, во моментов со 11 бода е дури на осмата позиција на табелата.
Тимот од Торино се надева на победа од денешното гостување, но освен што е непрепознатлив во првите 45 минути, остана и со играч помалку по глупоста на искусниот Ди Марија. Аргентинецот со лакт удри противнички играч, па судијата Мареска веднаш го испрати во соблекувалната.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ…, ги остави соиграчите на цедило кои сега ќе треба да се помачат за да дојдат до триумф…
🟥 RED CARD DI MARIApic.twitter.com/1XU5yRMylM
— Juve Canal (@juve_canal) September 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА