Глупост на годината: Голман мислеше дека белата точка е топка и прими смешен гол (видео)

Натпреварот од шведското првенство меѓу Хакен и Хамарби го одбележа неверојатната глупости на гостинскиот голман Довинс при првиот гол на Хакен.

Довинс ја прими повратната топка, но потоа се збуни на нешто просто неверојатно, па ја шутна белата точка за изведување на пенал мислејќи дека тоа е топката, која остана зад него. Траоре знаеше како да го искористи подарокот и ја смести топката во мрежата.

Погледнете како изгледаше овој смешен погодок и неверојатната грешка на голманот на Хамарби…

Се вчитува...