Глупост на годината: Откако доби милионски договор од 340 долари падна на допинг тест!

Бејзбол играчот Фернандо Татис јуниор минатата година потпиша 14-годишен договор со Сан Диего Падрес вреден неверојатни 340 милиони долари, но поради негова глупост ќе ги загуби парите откако доби суспензија поради допинг.

Татис е суспендиран дури на 80 натпревари поради тоа што е позитвен на стероидот – клостебол. Ваквата санкција значи дека ќе ја пропушти целата оваа сезона и плус уште 32 натпревари од наредната.

„Моја грешка. Место да се консултирам со мојот лекарски тим употребив медикамент без прашање кој ја содржи забранетата супстанција. Изненаден сум и разочаран. Сум правел многу допинг тестови и сите биле негативни. Можам да се жалам на одлуката, но сваќам дека е моја грешка и поради тоа ќе си ја одлежам суспензијата. Се враќам на терените идната година“, изјави Татис.

Се вчитува...