Актуелниот шампион Манчестер сити останува сто отстотен во новата сезона во Премиерлигата откако денеска на домашен терен во 6. коло славеше над Нотингем Форест со 2-0.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Фоден во 7. минута. Во 14. минута Ерлинг Халанд зголеми на 2-0. Вториот дел го одбележа глупоста на Родри во 46. минута кога доби директен црвен картон, но и тоа не влијаеше на конечниот резултат.
Rodri straight red card against Nottingham Forest 46'
byu/PSGCampus insoccer
Лутон испиша историја откако стигна до својата прв бод во Премиерлигата откако одигра без победник 1-1 против Вулверхемптон. Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Нето во 50. минута, додека конечните 1-1 ги постави Морис од пенал во 65. минута и со тоа испиша историја за малиот клуб. Во последниот меч од програмата од 16 часот во малото лондонско дерби Кристал Палас и Фулам одиграа без голови 0-0.
Luton Town [1] – 1 Wolves – Carlton Morris (penalty) 65'
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

