Глупост на сезоната на Окобо: Од херој до трагичар за три секунди, Григонис го казни со звукот на сирената

Монако и Панатинаикос одиграа извонреден меч во кој гостите буквално со звукот на сирената успеаја да стигнат до минимална победа со тројката на Григонис, казнувајќи ја неверојатната глупост на Ели Окобо.

Францускиот репрезентативец требаше да биде херој на Монако откако на 2,5 секунди до крајот погоди за „плус два“ за својот тим, при што имаше и дополнително слободно фрлање. Окобо реши да експериментира, па се обиде намерно да промаши и да го потроши времето, но целосно се посрамоти откако не успеа да го погоди обрачот, давајќи им на гостите шанса за тајмаут и последна акција од противничката половина.

Панатинаикос знаеше како да го искористи тој подарок и преку Григонис постигна тројка за победа, за тотален шок на домашните кошаркари и навивачи.

Се вчитува...