Фудбалерите на Пари Сен Жермен одиграа само реми 1-1 против Ремс во натпревар од 20. коло во француската Лига 1. „Светците“ одиграа далеку под нивните очекувања и на крајот со сите случувања на теренот Ремс заслужено стигна до бод.
На стартот на вториот дел ПСЖ поведе со 1-0 со погодокот на Нејмар во 51. минута. Глупоста на Марко Верати кој доби црвен картон само тринаесет минути по неговото влегување во игра беше доволна за гостите на крајот да успеат да стигнат до бод со погодокот на Балогун во 96. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА