Големата награда на Холандија во Зандворт ќе биде во календарот на Формула 1 уште најмалку три години, односно до 2025 година.
Ова е епилогот од договорот меѓу челниците на Формула 1 и организаторите на трката. Зандворт се врати во календарот во 2021 година и оттогаш забележа вистински бум во посети. Најмногу, секако, поради актуелниот светски шампион, Холанѓанецот, Макс Ферстапен.
„Трката за Големата награда на Холандија брзо стана една од омилените на навивачите. Таму имаме голема енергија, а распродадениот настан во последните две сезони покажува дека се функционира беспрекорно“, изјави Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1.
BREAKING: The Dutch Grand Prix will continue in Zandvoort until at least 2025! 🇳🇱#F1 #DutchGP pic.twitter.com/vp9gqImH65
— Formula 1 (@F1) December 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА