Организаторите на трките во Формула 1 и на големата награда на Мајами потпишаа ново десетгодишно продолжување на договорот со што Големата награда на Мајами ќе остане во календарот на шампионатот во Ф1 до 2041 година.
„Ова ни овозможува со сигурност да кажеме дека оваа трка ќе биде тука за многу долго време. Продолжувањето на договорот со Формула 1 до 2041 година е огромно достигнување за целиот моторспорт тим на Јужна Флорида, доказ за напорната работа, силата на партнерствата, поддршката од заедницата и постојано растечкиот раст на спортот во Соединетите Американски Држави“, рече извршниот директор на „Мајкрософт“
Трката во Мајами првпат се одржа во 2022 година, како втора Формула 1 трка на тло на САД, а овогодинешната трка ќе биде четврта според првичниот десетгодишен договор.
Во моментов, три трки во Формула 1 се одржуваат годишно во САД – покрај во Мајами, се одржуваат и во Остин (Тексас) и Лас Вегас, кој беше додаден во календарот во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

