Макс Ферстапен стигна до третата победа во овогодишното издание на Форума 1 откако славеше на Големата награда на Шпанија. Возачот на Ред Бул излета на почетокот на трката, имаше и проблеми со ДРС-от, но одличната тактика и навремените влегувања во боксот ги неутрализираа истите за голема победа со која актуелниот шампион се искачи на првото место на табелата по освоени бодови со вкупно 111.
Втората позиција му припадна на Серхио Перез кој денеска се покажа каков вистински тимски возач, а на пиедесталот имаше место и за Џорџ Расел кој извозе одлична трка.
Зад младиот Британец заврши Карос Саинз, а петтата позиција му припадна на Луис Хамилтон кој беше удрен во првиот круг, а од последното место успеа да стигне до четвртата позиција со што Мерцедес наговести интересна битка на три тима во продолжението од сезоната. Меѓу десетте најдобри се најдоа и: Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цунода.
Најголемиот трагичар денеска беше Шарл Леклер кој по освоена пол-позиција половина трка беше на првото место на патеката, но проблемите со моторот го спречија да ја заврши „приватната трка“.
MAX VERSTAPPEN REIGNS IN SPAIN!!! 👑
Sergio Perez makes it a 1-2 for Red Bull with George Russell taking third 👏👏 #SpanishGP #F1 pic.twitter.com/AzptXc6Kpq
— Formula 1 (@F1) May 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА