Го бара Партизан, а тој вели: „Нема шанси, навивам за Звезда“

Екипата на Партизан ќе остане без планирано засилување, а причината е малку бизарна. Новиот играч кој го сака во своите редови има симпатии кон ривалот Црвена Звезда, па затоа нема да го направи овој трансфер и да заигра за еден од двата големи клуба во Србија.

Станува збор за Лазар Росиќ, кој игра во Мореиренсе во Португалија, а интересно, во минатото никогаш не го носел дресот на Црвена Звезда, туку играл за Раднички Ниш и Раднички Крагујевац.

„Тоа нема никогаш да се случи, јас навивам за Звезда“, рекол Росиќ.

Ова не е првпат играч да одбие трансфер во некој од двата српски клуба поради тоа што има симпатии кон ривалот, но постоеја и такви кои играа и за двата клуба, а познато е дека навивачите многу замеруваат кога ќе се случи такво нешто.

Се вчитува...