Зенит е победник од трката по Малком откако бразилскиот интернационалец го избра рускиот првак за следна дестинација во кариерата. Во изминатиот период бразилскиот крилен офанзивец доби интересни понуди од Арсенал и од Интер, но истите беа одбиени од страна на Барселона, бидејќи стануваше збор само за обид за позајмица на екс-играчот на Бордо.
Зенит ги интензивираше преговорите во последните седум дена, за на крајот да биде постигнат целосен договор. Рускиот шампион ќе плати 40 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра преку неколку клаузули. Малком во текот на викендов ќе пристигне во Санкт Петербург, а по деталните лекарски прегледи ќе потпише петгодишен договор за плата од шест милиони евра по сезона плус бонуси.
Со Малком ќе почне и распродажбата на каталонскиот гигант, кој ќе се раздели од уште неколку фудбалери до крајот на преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА