Леон Бејли со одличните настапи во дресот на Генк апсолутно го заслужи епитетот „чудо од дете“, па за тинејџерот од Јамајка веднаш сериозен интерес искажаа бројни клубови ширум Европа. Жозе Мурињо сакаше да год оведе во Манчестер јунајтед, понуда испрати и шампионот Лестер, но на крајот Бејли реши да замине во клуб каде ќе има првотимски статус, па потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен.
„Фармацевтите“ играат далеку под своите можности сезонава, што беше доволна причина раководството да се активира и да доведе фудбалер кој веднаш би ја кренал играта на овој тим. Изборот падна врз Бејли, со Генк беше постигнат договор висината на трансферот да изнесува 13 милиони евра, плус уште неколку милиони во зависност од исполнувањето на одредени клаузули.
„Тој е неверојатно брз, одличен дриблер и сигурно ќе ни ја зголеми ефикасноста во нападот. Фактот дека успеавме да го потпишеме Леон Бејли сам по себе е голема победа за нас“ – изјави спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА