Го бараше Партизан, но тој го избра Рио Бреоган

Партизан никако не успева да потпише нов кошаркар за наредната сезона, белградските „црно-бели“ извисија во трката за неколку звучни европски имиња, а сега не успеаја да го доведат ниту Александар Аранитовиќ, 26-годишниот бек кој требаше да пристигне од Цибона и да ја прошири ротацијата во тимот на Жељко Обрадовиќ.

Срските медиуми во изминатиот период пишуваа за интересот на Партизан за Аранитовиќ, најавувајќи дека двете страни се блиску до договор, но според последните информации тоа нема да се реализира Плејмејкерот донел одлука за својата кариера, и тоа да се пресели во Шпанија и да потпше договор со Рио Бреоган.

Тренер на оваа екипа е Вељко Мршиќ, кој му ветил на Аранитовиќ голема минутажа во АЦБ-лигата, успевајќи да го убеди овој кошаркар да се пресели во Рио Бреоган наместо да замине во Партизан.

Александар Аранитовиќ беше најдобар кошаркар на Цибона минатата сезона со просек од 15,6 поени и 4,5 асистенции по натпревар.

Се вчитува...