Михаел Олис е еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот во летниот преоден рок, откако 22-годишниот крилен офанзивец го привлече вниманието со изонредните настапи во дресот на Кристал Палас во вториот дел од сезонава.
Челси тргна во офанзива по овој фудбалер, за кого интерес покажаа и Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, но на крајот Олис донесе изненадувачка одлука, да си замине од Премиер-лигата и да сепресели во Баерн Минхен. Агентот на овој офанзивен играч во последните дваесетина дена преговараше со сите заинтересирани клубови, а вечерва е објавено дека е прифатена понудата на Баерн Минхен.
Баварците допрва ќе седнат да преговараат со Кристал Палас, но договорот на Олис има клаузула од 65 милиони евра и се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на овој месец.
Со оглед на трансферите на Олис и Чави Симонс, се очекува сериозен ремонт во навалната линија на Баерн, каде лесно може да се случи летово да си заминат и Гнабри и Сане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА