Раскинот на договорот на Барселона со Никола Миротиќ скапо ќе го чини каталонскиот тим, откриваат шпанските медиуми. Важноста на истиот беше и во следните две сезони, но во обид да се заштедат финансии по намалување на буџетот евролигашот еднострано му се заблагодари на искусниот кошаркар.
Миротиќ и Барселона не најдоа заеднички јазик за сумата на пари која треба да ја добие кошаркарот како компензација, па висината на обесштетувањето ќе го одлучи судот во Шпанија, а очекувањата се дека ќе биде најмалку 75 отсто од договорот.
Тоа значи дека 32-годишниот крилен центар ќе заработи речиси 17 милиони евра со оглед на тоа што договорот му „ветуваше“ заработка од 22.6 милиони евра за следните две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА