Дефанзивецот на Алавес, Абдел Абкар, ги шокираше навивачите на својот тим со потегот на полувремето против Реал Мадрид во 7. коло од Ла Лига. Додека играчите се упатија кон тунелот на „Сантијаго Бернабе“, а веќе беше 2-0 за противникот, Абкар му го побарал дресот на Килијан Мбапе.
Абкар беше фатен на телевизија како му приоѓа на Французинот и го моли да му го даде дресот. Мбапе му ја исполни желбата. Овие сцени се појавија во јавноста, а навивачите на овој клуб беа шокирани, со оглед дека мароканскиот дефанзивец е веќе четири години дел од клубот.
Во тие критики очигледно се вклучи и тренерот, па го остави Абкар во соблекувалната на полвуремето, потег кој наиде на одобрување на навивачите. Меѓутоа фановите бараат уште повисока казна за својот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА