Го дочекаа како ѕвезда во Самсунспор, а тој им приреди студен туш (ВИДЕО)

21-годишниот холандски фудбалер Мохамер Ихатарен, требаше да биде нов играч на турски Самсунспор. Овој трансфер е целосно откажан иако фудбалерот пристигна во Турција и беше пречекан од многу фанови на клубот. Меѓутоа на крајот двете страни не се договорија и трансферот пропадна.

Ихатарен потекнува од школата на ПСВ. Играше и за сениорскиот тим, а во 2021 година на 18 годишна возраст Јувентус го забележува неговиот талент и го потпишува. Но, тој имаше многу испади, особено во приватниот живот, и од тука беше позајмуван во Сампдорија и во Ајакс.

Сега е во потрага по нов клуб, но дефинитивно доживува голем пад во кариерата, иако неговата биографија е „звучна“.

Се вчитува...