Го допре дното – Нејмар пијан доаѓа на тренинзите на ПСЖ

Нејмар е цврсто решен да си замине од ПСЖ на крајот од сезонава, па Бразилецот уште повеќе го уништува својот имиџ со непрофесионалното однесување на теренот и надвод него. Незадоволството на навивачите и свирежите упатени до екс-голгетерот на Барса го навредиле Нејмар, чие незалагање кулминирало во изминатите денови.

Францускиот новинар од РМЦ, Даниел Риоло, откри дека Бразилецот дури и почнал во алкохолизирана состојба да пристигнува на тренинзите на тимот, допирајќи го дното во оваа разочарувачка сезона за него и за екипата.

„Тој речиси и воопшто да не тренира. Едвај се движи кога ќе дојде во тренинг-центарот, мислам дека дури некогаш и доаѓа пијан. Тоа е така – Нејмар му се одмаздува на ПСЖ. Целосно има расчистено и со клубот и со соиграчите во соблекувалната. Реалноста е таа, мора што поскоро да си замине бидејќи му нанесува огромна штета на клубот. Тој го уништува ПСЖ“, тврди Риоло.

Нејмар месечно заработува неверојатни четири милиони евра во ПСЖ, па францускиот клуб ќе има сериозен проблем да најде купец што ќе ги покрие овие примања на Бразилецот.

Тој сезонава одигра само 21 натпревар за „светците“, со скромен ефект од пет гола и пет асистенции.

Се вчитува...