Го елиминираа на Вимблдон па го откри својот план: Ќе седнам покрај морето во Сплит и ќе испијам некое пиво

Хрватскиот тенисер Борна Гојо беше елиминиран во првото коло на Вимблдон. На патот му застана Максимилијан Мартерер кој славеше со 3-0 (7-5, 6-7, 6-3 и 6-4) во натпревар во кој имаше целосна контрола.

Гојо по натпреварот говореше за медиумите, а имаше интересна изјава која го привлече вниманието на просторите на поранешна Југославија. Младиот тенисер потполно искрен го откри својот план на кој многумина ќе завидат во летните горештини.

„Немам да кажам ништо препаметно. Одиграв многу лош меч. И сетот кој го добив беше лош. Би сакал некој озбилен специјалист да влезе во мојата глава и да ми заврти некој штраф. Но, добро одиме понатаму.

Планирам седум дена да се одморам во Сплит. Да ги видам моите пријатели, да седнам покрај морето и да испијам некое пиво, да го пуштам мозокот на пасење. Потоа сакам да заминам во САД за да настапам на некој АТП турнир“, вели Гојо.

Се вчитува...