Го гледа ли ова Роналдо!? Хет-трик на Бензема на дебито за Ал Хилал! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Хилал забележаа убедлива победа против Ал Охдод од 6-0 во натпреварот од 21. коло од Про лигата, кој беше и прв за Карим Бензема во дресот на тимот од Ријад.

На последниот ден од преодниот рок, Французинот од Ал Итихад му се придружи на својот голем ривал, што не наиде на големо одобрување од Кристијано Роналдо, кој дури и протестираше против реализацијата на тој трансфер.

Во Ал Хилал малку им беше важно тоа, а уште помалку по дебито на Бензема, по кое ја прекинаа серијата од три едноподруго нерешени резултати.

Поранешниот напаѓач на Реал постигна три гола и имаше една асистенција во својот прв натпревар, учествувајќи во четири од шесте гола на својот тим.

Меѓу 31 и 64 минута, тој постигна гол, давајќи му на својот тим голема предност (3-0), а во 70. минута му асистираше на Малком за 4-0. Ја напушти играта три минути подоцна, а пред крајот Салем Ал Даусари постигна два гола за да го запечати големиот триумф.

Ал Хилал ќе остане прв и по ова коло со четири бода повеќе од второпласираниот Ал Наср, кој сè уште не го одиграл својот натпревар.

Се вчитува...