Го имаме најлудиот гол на сезоната: Грчки голман погоди од 80 метри (ВИДЕО)

Победата на Касимпаша над Кајзериспор веројатно воопшто никој не го интересира, но на овој меч се случи еден од најлудите голови во оваа сезона.

Херој е грчкиот голман Андреас Јаниотис, кој го постигна вториот гол за својот тим, и тоа со удар од 80. метри. Тој од околу 20 метри од својот гол, ја упати топката кон противничкиот гол, а таа го измами гостинскиот голман Бајазит, и заврши во неговата мрежа.

Погледнете го ремек-делото на грчкиот голман:

Се вчитува...