Француските медиуми пишуваат дека Пари Сен Жермен би можел да биде исфрлен од Лигата на шампионите поради неплатени долгови кон Килијан Мбапе.
Како што пренесува „Монд“, Килијан Мбапе се пожалил до Професионалната фудбалска лига на Франција (LFP) и Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) во случај да не му исплатат 55 милиони евра според договорот.
Доколку клубот биде прогласен за виновен, ЛФП би можел да му наложи забрана за трансфери на ПСЖ и да му ја одземе лиценцата на УЕФА, што би довело до забрана од европските натпреварувања, во овој случај Лигата на шампионите.
Од редовите на францускиот шампион сметаат дека ништо не му должат на својот поранешен фудбалер, кој тоа наводно вербално им го соопштил минатата сезона. Сепак, неговиот правен тим вели дека немало договор.
Мбапе играше за ПСЖ од 2017 до јуни 2024. Дојде од Монако и во текот на седум сезони шест пати го освои францускиот шампионат, четири пати националниот куп, три пати Суперкупот на оваа земја и два пати Лига купот на Франција.
Летово како слободен играч се пресели во Реал Мадрид бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со парискиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА