Го исфрлија од репрезентацијата бидејќи сака да игра во Русија

Хокеарската федерација на Летонија му забрани на голманот, Јанис Калнинш да потпише со рускиот Амур, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Тој на 6. јули потпиша договор со екипата од Хабаровск, која се натпреварува во континенталната КХЛ лига. Сепак, од летонската федерација одбраа да го регистрираат, а како причина фактот дека федерацијата во април донесе одлука со која на тренерите и играчите им забранува да учествуваат на натпреварувања во Русија и Белорусија.

Калнинш претходно беше исфрлен и од репрезентацијата бидејќи одлучи да живее во Русија.

 

Се вчитува...