Го исфрлија Реал Мадрид од Купот, па сега ќе се судрат со Барселона!

Барселона ќе гостува кај кошмарот на Реал Мадрид, Албасете, во 1/4 финалето од Кралскиот Куп, што беше потврдено со ждрепката што се одржа денес. Второлигашот ги елиминираше „кралевите“ во 1/8 финалето минатата недела со резултат од 3:2, а сега ќе има можност да направи уште еден подвиг против другиот голем шпански гигант.

Каталонците ќе сакаат да ја избегнат грешката на својот голем ривал и ќе се обидат да го одбранат трофејот. Албасете елиминираше уште еден елитен тим пред големата победа над Реал, тоа беѓе тимот на Селта Виго.

Останатите парови се само од тимови од Ла Лига, при што Бетис е домаќин на Атлетико Мадрид во интересен натпревар, Валенсија е домаќин на Атлетик Билбао , а Алавес се среќава со Реал Сосиедад во баскиска пресметка.

Се вчитува...