Најџел Хејс-Дејвис повторно ќе настапува во Евролигата откако крилниот кошаркар по нецела година во НБА се враќа назад во елитното европско натпреварување. Хапоел Тел Авив е тимот што според последните информации постигнал целосен договор за трансферот на овој кошаркар, што би требало да биде официјализиран во следните 24 часа.
Ланскиот МВП не се снајде во Феникс, потоа беше испратен во Милвоки, а откако бакси пред самиот истек на рокот решија да му го раскинат договорот стана јасно дека Хејс Дејвис повторно ќе го гледама на европските терени.
Хапоел, Фенербахче и Панатинаикос беа клубовите што веднаш покажаа сериозен интерес, но понудата на Фенер беше најниска од трите, а попладнево првиот човек на ПАО, Јанакопулос објави дека Хејс-Дејвис нема да му се приклучи на неговиот тим.
Неофицијално, понудата на Хапоел изнесува огромни 11 милиони евра за две и пол сезони, по што „„зелените“ од Атина се откажале од трката, па сега се чека Хејс Дејвис да замине на лекарски прегледи во Израел, по што ќе следи и потпис на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

