„Го мразам модерниот фудбал и ВАР-системот, тие ја уништија целата магија“

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул, Тиаго Алкантара смета дека денес се игра многу побрз фудбал од минатото и играчите се подготвени за предизвици, но тоа е залудно затоа што е загубена фудбалската магија.

Алкантара даде кратко интервју за медиумите во кое се пожали за модерниот фудбал и кажа дека во минатото сѐ било подобро.

„Го мразам модерниот фудбал, јас сум човек на кој му се допаѓа фудбалот кој се играше во минатото. Фудбалските мајстори и магија исчезнаа, повеќе ништо не е исто“, вели Алкантара.

Репрезентативецот на Шпанија се жалеше и поради примената на ВАР-технологијата.

„Секогаш сум бил против ВАР-системот и не сакав да се користи. ВАР ви ја уништува играта. Ако фудбалерите грешат, треба и на судиите да им се остави простор да згрешат. Без трикови не би се случиле многу големи моменти во историјата“, објаснува Шпанецот.

Се вчитува...