Го надживеа синот: Мајката на Пеле има 100 години, погребната кола ќе мине и пред нејзината куќа

Фудбалскиот свет се збогува од легендарниот Пеле, а малку познат факт е дека нееговата мајка Селест се уште е жива. Таа пред помалку од два месеци го прослави јубилејниот стоти роденден, за што фудбалската легенда и посвети неколку емотивни реченици преку своите профили на социјалните мрежи.

„Денеска славиме сто години од животот на Дона Селест. Од најмлади години ме учеше на вредностите на љубовта и на мирот. Имам повеќе од сто причини да бидам благодарен што сум нејзин син. Ги споделувам овие фотографии со сите вас, за овој ден да го прославам со големи емоции. Секој ден сум крај тебе, мамо“, напиша Пеле во една од своите последни објави.

Здравствената состојба на 100-годишната Селест не се обелоденува во јавноста, се очекуваа таа да биде меѓу семејството на погребот на фудбалскиот великан, но во секој случај организаторите на погребот се погрижија возилото што ќе го пренесува ковчегот на Пеле да мине и точно пред нејзината куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Се вчитува...