Го нападна тренерот затоа што го повлече од игра (ВИДЕО)

Голем скандал се случи во боливискиот фудбал. Фудбалерот на Национал Потоси, Тијаго дос Сантос, физички го нападна својот тренер Едгард Малестити, затоа што тој го повлече од игра уште во првото полувреме од мечот против Спорт Бојс. Аргентинскиот стратег се реши за невообичаено брза замена во 34.минута од дуелот, а Тијаго дос Сантос збесна и го нападна.

На крајот, Национал потоси го загуби мечот со убедливи 0-4.

Се вчитува...