Го направи Халанд „невидлив“ па го снема од првите 11: „Беше бесен, го тешеа соиграчите“

Манчестер Сити се пласираше во финалето на Лигата на шампионите победувајќи го Реал Мадрид на домашен терен со убедливи 4-0, и со вкупни 5-1 избори место во мечот за големиот пехар за кој ќе се бори против Интер на 10. јуни во Истанбул.

Колку и да беше очекувано Сити да влезе во финалето, сепак, многумина беа изненадени од доминацијата на Сити против најдобриот европски тим.

Изненаден бил и стоперот Антоио Ридигер. Германецот изненадувачки се најде на клупата за резерви на вториот меч, иако на првиот го „стави в џеб“ најдобриот напаѓач на Сити, Ерлинг Халанд. Наводно разочарувањето било толку големо, што го тешеле неговите соиграчи.

Шпанските медиуми откриваат дека Ридигер бил многу бесен што и му замерил на Анчелоти кога овој го соопштил првиот состав за дуелот во Манчестер. Соиграчите исто така биле изненадени и се обиделе да го тешат Гермнаецот, пишува порталот „Релево“.

Германецот доби шанса во вториот дел, и тоа изненадувачки влезе на местото на Лука Модриќ. Останува нејасно зошто Анчелоти се реши да го изостави човекот кој го направи Халанд невидлив на првиот меч, а тоа му се врати како „бумеранг“. Халанд не даде гол, но со две супер шанси ја најави победата на својот тим, а во вториот дел ја погоди и пречката.

Се вчитува...