Атлетико Мадрид е многу блиску до ангажман на Моисе Кеан, италијанскиот голгетер кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезонава од редовите на Јувентус.
Овој играч не беше стандарден кај Алегри сезонава, а откако тренерот на Јуве почна да му дава шанса на младиот Јилдиз пред него, на Кеан му стана јасно дека треба да си замине ако не сака да остане закован на клупата. Управата на „старата дама“ го понуди на неколку клубови на позајмица, а најзаинтересирани беа челниците на Атлетико, кои експресно се договорија за деталите со италијанскиот гигант.
Самиот Кеан исто така е заинтересиран да заигра за Диего Симеоне, па се очекува во следните 24 часа тој да отпатува за Мадрид, на лекарски прегледи и потпис со Атлетико.
Ангажманот на Кеан би требало дополнително да го забрза заминувањето на Аргентинецот Кореа, за кого сериозен интерес покажуваат клубови од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА