Екипата на ПСЖ дојде до третата победа во третиот меч во француската Ла Лига, истакнувајќи нова кандидатура за освојување на титулата, и покрај тоа што летово остана без Килијан Мбапе кој се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ победи со 1-3, меѓутоа имаше уште неколку шанси за поубедлив триумф. Витиња од пенал во 33. минута донесе предност, а Баркола само три минути подоцна донесе и 0-2 за гостите од Париз.
Во вториот дел Жегрова успеа да намали, а потоа проблеми за ПСЖ затоа што Лил постигна гол, но беше поништен од страна на ВАР.
Победата на „светците“ ја потврди Коло Муани во судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА