Пари Сен Жермен веќе не е стопроцентен во францускиот шампионат. „Светците“ одиграа реми без голови на гостувањето против Монпелје, па сега имаат само еден бод предност пред Монако на врвот на табелата.
Тренерот Унаи Емери го остави Бразилецот Нејмар во Париз, наводно поради повреда, но можеби и за да го одмори пред важниот меч од ЛШ со Баерн Минхен, па тоа се почувствува во играта на ПСЖ. Немаше реализација, ниту пак премногу шанси пред противничкиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА