Го ограбиле поранешниот шампион на Ф1, а тој со скутер ги бркал крадците

Поранешниот светски првак на Формула 1, Себастијан Фетел бил жртва на грабеж во Барселона, а потоа следувале филмски сцени. Полицијата потврдила дека четиркратниот светски првак минал без повреди, но ограбувачите му го украле ранецот од автомобилот, по што Фетел се качил на скутер и почнал да ги брка крадците.

Грабежот се случил во центарот на Барселона, во хотел во кој престојувал за трката на ГН н а Барселона минатиот викенд. Шпанските медиуми пренесуваат дека Фетел го оставил отворен прозорот на својот автомобил, што ограбувачите го искористиле тоа и му го украле ранецот.

Германецот веднаш тргнал по нив со електричен скутер откако со помош на слушалките кои му биле во ранецот, успеал да утврди каде е ранецот. Слушалките ги нашол фрлени, а се претпоставува дека ограбувачите сфатиле дека поради нив може да им се влезе во трага.

Полицијата отворила истрага откако Фетел го пријавил случајот. Германецот го освои 11. место на ГН на Шпанија, и во моментов е на 14. место на пласманот.

Се вчитува...