Бенџамин Менди беше светски првак со Франција и ѕвезда на Манчестер Сити, кој заработуваше луди 500 илјади фунти неделно во најбогатиот клуб во светот. Но, потоа бил приведен од англиската полиција под обвинение за тешки кривични дела. Тој беше обвинет за шест точки од обвинението за силување и еден обид за силување.
Менди беше испратен во притвор, а клубот се откажа од него. Тоа го направија повеќето негови соиграчи, додека во јавноста наиде на жестоки осуди. Менди постојано повторуваше дека е невин, но малкумина му веруваа. Сепак, пред една година тој беше ослободен од обвиненијата и му се врати на фудбалот. Неговиот договор со Сити истече, па замина во Лориен во Франција, но и таму не го сакаат. Веднаш по неговото пристигнување, навивачите го нарекоа „силувач“ и побараа од клубот да биде истеран.
Менди е под договор, но последниот натпревар за клубот го одигра пред пет месеци. Додека чека некој да го вработи, тој тренира сам. Тој даде интервју за Телеграф во кое истакнува дека е повреден што Манчестер Сити експресно се откажал од него и не верувал во неговата невиност штом бил уапсен. Веднаш по апсењето, клубот го суспендираше до крајот на договорот и оттогаш не му исплаќал ништо.
„Неколку играчи на Сити, вклучително и капитенот на клубот, беа присутни на забавите на кои присуствував и на кои јас ги организирав. Сите пиевме алкохол, сите имавме повремени сексуални односи со жени. Сите ги прекршивме правилата за ограничувањата на Ковид-19. Ова не е оправдување за моето однесување, но мислам дека е неправедно Манчестер Сити само да ме казнува. Разликата меѓу мене и другите играчи на Сити е што јас бев тој што беше лажно обвинет за силување и јавно понижуван“, револтиран е Менди.
Две години беше без приходи, па даночниот долг му порасна на 920 илјади евра. Затоа продаде вила во Англија, во која беше обвинет дека извршил силување, далеку под цената и вредноста од 5,7 милиони евра.
Затоа Менди сега го тужи Сити и бара 13 милиони евра од клубот, за кои тврди дека клубот му должи откако целосно престанал да му го плаќа она што му го должи според договорот во септември 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА