Го остави фудбалот и облече бел мантил за да помогне во битката со коронавирусот

Поранешниот фудбалер на Спортинг Канзас сити, Тони Довале, во моменти на пандемијата на коронавирусот се одлучи да го остави фудбалот и да им помогне на жителите на Шпанија во борбата со Ковид-19.

Довале, кој минатава сезона играше во Тајланд, без размислување ја остави фудбалската игра за да се вклучи во битката со Covid-19. Пред четири години завршил медицински факултет, но се одлучил да продолжи со фудбалот, за сега повторно да го облече белиот мантил.

„Воопшто не размислував за да се приклучам на оваа борба. Се надевам дека што побрзо ќе заврши ова, и ќе се вратам на фудбалот. Но, сега со сето срце сакам да помогнам. Многу работи работи недостасуваат како маски, ракавици, дезинфекциски средства, и мора и од тој аспект да им помогнеме на загрозените“ – вели Довале.

Се вчитува...