Европскиот првак Челси е на добар пат да ја засили одбраната со Жил Кунде, одличниот дефанзивец на Севилја и на француската репрезентација. Преговорите меѓу клубовите се во напредна фаза, а самиот Кунде веќе ги договорил личните услови за соработка до 2026 година, па овој трансфер би можел да биде реализиран веќе во текот на оваа седмица.
Самиот играч бара да му биде дозволен трансфер, а Севилја е подготвена да го задоволи ова барање, доколку добие интересна понуда. Британските медиуми обелоденија дека Челси во понудата го вклучил и Курт Зума, така што шпанскиот клуб ќе добие и природен наследник на Кунде, а покрај тоа ќе заработи и дополнителни 30 милиони евра.
Кунде на почетокот од месецов беше поврзуван со трансфер во Тотенхем, клубовите дури и ги договорија деталите, но се падна во вода кога Французинот јасно стави до знаење дека „спарси“ не се интересни како клуб и не би претставувале чекор напред во неговата кариера. Сепак, преселба во редовите на актелниот европски шампион Челси под водство на Тухел сигурно е чекор напред, па јасно е зошто Кунде со нетрпение очекува клубовите да се договорат за да може што поскоро да се пресели на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА