Го платија 80 милиони евра за да биде полош и од Хари Мегваер

Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул како огромно засилување вредно 80 милиони евра, но наместо трансфер на сезоната нему се препишува епитетот промашување на годината. Уругваецот се мачи со адаптацијата на „Островот“, а очајните партии повторно одземаа значајни бодови за „црвените“.

Тој повтроно потфрли на мечот со Брентфорд, а со новите промашувања дополнително ја зголеми својата негативна статистика. Верувале или не, во текот на сезоната има промашено 15 големи шанси од 19 обиди со што е првото место во Премиерлигата.

Не му помогна ни мудинајалската пауза бидејќи оттогаш промаши седум сто отстотни шанси, имаше 15 обиди кон противничкиот гол, а не успеа да ја затресе мрежата ниту еднаш.

Нуњез на почетокот на сезоната беше споредуван со Ерлинг Халанд, но како што одминува времето тој се повеќе е на мета на критичарите кои сега велат дека е „полош и поголема опасност и од Хари Мегваер“.

Се вчитува...